Легендарната сцена од 1992 во филмот ,,Основен инстинкт”, каде Шероун Стоун ги прекрстува нозете стана дел од филмската историографија.
Актерката ја повтори 27 години подоцна , на доделувањето на GQ Awards во Берлин.
Откако ја прими наградата „Жена на годината“, Шерон седна на бината за да одржи говор пред публиката во која беше и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронштајн.
За време на говорот, таа ја повтори најпознатата сцена од филмот, и ја покани публиката да го направи тоа со неа. Шерон откри и како таа сцена и го променила животот.
“Пред неколку години, седев на бината, а режисерот ми рече да ги соблечам гаќичките затоа што не треба да ги носам на таа сцена и затоа што се гледаат. Се согласив. Не знаев дека тој момент ќе го промени мојот живот”, изјави Шерон и рече дека таа улога и донесе голема слава, иако неодамна излезе на виделина дека таа не била првиот избор за овој филм.