Настраданиот полицаец бил член на мексиканската единица задолжена за операцијата на апсење на Овидио Гузман, синот на наркобосот Хоаким „Ел Чапо“ Гузман.
На апсењето му претходеше инцидентот на 17 октомври кога дојде до судир меѓу картелот Синалоа и полицијата, кога Гузман Јуниор беше уапсен, но набрзо пуштен на слобода.
Властите задолжени за овој случај не утврдија кој директно стои зад овој напад, иако сомнежот е на нарко-картелот, но подетални информации ќе бидат соопштени по истрагата.
На снимката се гледа како вооружени напаѓачи отвораат оган врз полицаецот во моментот кога автомобилите застанале еден покрај друг.