Иранските медиуми јавија денеска за соборен дрон над пристаништето Махшахр на југ во државата. Засега не е јасно дали дронот бил воен или цивилен.
Според ирански медиуми, системот за воздушна одбрана бил активиран откако беспилотно летало било регистрирано на радарите.
Засега нема официјална потврда од иранските власти за извештаите на медиумите во Техеран.