Исмајлоска-Старова: За да станеме пратеници, ВМРО-ДПМНЕ бараше да кажеме дека ќе гласаме за промена на името
Услов да се биде на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2014 година беше да се прифати да се гласа за промена на името – вели пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во интервју за 360 Степени, која беше исклучена од партијата откако гласаше за Договорот од Преспа.
-Во 2014та кога бевме побарани за кандидати ни беше поставено прашањето дали сме спремни да гласаме за промена на името. Тоа беше услов. Јас одговорив потврдно, рече Исмајлоска.