Фиби Волер-Бриџ вели дека додала „мали зачини“ на новиот филм за Џемс Бонд, No Time to Die.
Наградуваната писателка, актерка и творец на Fleabag (популарна британска телевизиска емисија комедија-драма) вели дека е донесена во тимот „за да помогне“ во сценариото за 25тото продолжение на 007.
„Тие бараа промени во неколку ликови и во самата приказна“, вели славната писателка.
No Time to Die ќе биде првиот филм на Бонд кој ќе излезе во ерата на движењата #MeToo и Time’s Up.
Но, иако во последните години се поставуваат прашања во врска со мизогинистичкиот и доминантен начин на кој Џемс Бонд традиционално се однесува кон жените, Волер-Бриџ тврди дека не и било кажано да ја промени културата на филмовите.
Волер-Бриџ е втора жена која добила можност да пишува за 57-годишната историја на франшизата. Првата беше Џоана Харвуд која беше ангажирана за Dr No и From Russia with Love во раните 1960ти.
Даниел Крег, кој го игра Бонд од 2006 година, рече дека е негова идеја да се ангажира Волер-Бриџ.
Таа дискутирала за сценариото со Крег во Њујорк, пред да реши да се приклучи на екипата.
„Нема покул од пишување текст за Џемс Бонд,“ вели познатата писателка