Неколку маскирани напаѓачи за време на синоќешните антивладини демонстранти во градот Басра, јужен Ирак, убија пет лица, а повредија десетици, соопштија ирачките здравствени власти.
Според медицински извори во синоќешниот инцидент повредени се околу 120 лица.
Десетици илјади луѓе од 1 октомври протестираат во Багдад и во јужниот дел на Ирак, каде мнозинско население се шиитите, барајќи големи политички промени.
Демонстрантите се жалат на корупцијата, неможноста за вработување и лошите основни јавни услуги, вклучително и редовните исклучување на електрична енергија покрај големите ирачки резерви на нафта. Од почетокот на немирите во Ирак загинаа над 250 луѓе.