Во најстарата болница во Црна Гора, во родилиштето „Данило Први“ во Цетиње во растојание од по половина час се породиле сестрите Оливера Мугош Миџор, Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукчевиќ.
Веста за раѓањето на принова во секое семејство е добредојдена, а Мара Мугош ја имала таа ретка среќа да добие четири внучиња од три ќерки во ист ден. Имено, три сестри се породиле утрово во Цетиње, Црна Гора, па така Стефан, Дарија, Урош и Ања дошле на свет во рок од само два часа.
CETINJE: Porodile se istovremeno tri rođene sestre https://t.co/Lwyltugufd pic.twitter.com/3ytiJN8TFL
— Montenegro Magazin (@MneMagazin) November 8, 2019
Во родилиштето во Цетиње се породиле сестрите Оливера Мугош Миџор, Јасна Ракочевиќ и Јелена Вукчевиќ во исти ден.
Сезоната на раѓање ја „отворила“ Оливера, таа во девет часот наутро го родила Стефан, по неа се породила Јасна, која ги донела на свет близнаците Урош и Ања, а во 11 часот се породила Јелена со малата Дарија.
Гинеколошкиот тим го водел д-р Предраг Јововиќ, со уште двајца гинеколози, анестезиолог и педијатар при сите три пораѓања.