Здружението ,,Проект Среќа“, месецот на детето- ноември, го започна со долгоочекуваниот проект- Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки“
Целта е да се создадат што повеќе услуги, со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење за децата со помалку можности ( во кои спаѓаат сите категории ,,социјален ризик“) , но и да им се дадат услови за подобра едукација, неформално образование и пристап до културни ативности, вештини, и се она кое нив ќе ги направи во иднина конкурентен и квалитетен дел од ова општество.
Во новите интеркативни простории на здружението ќе се одржуваат и часовите по драма на детското драмско студио ,,Неверленд“ за деца со помалку можности, но и останати активности за децата. Пријавувањето на дечињата е во тек, уписите се отворени за деца од 6 до 14 години, а предност имаат оние кои се во најтешка категорија социјален ризик.