Почнува 40. МАКИНОВА 2019 и 17. ЕКОНОВА 2019

Пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво ќе бидат изложени денеска на традиционалната и најголема Меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 што се одржува по 40-ти пат,  во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Изложбата МАКИНОВА 2019 ќе биде придружена по 17-ти пат со изложбата ЕКОНОВА 2019 на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.

Покровител на МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 е претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски кој ќе ги отвори двете манифестации.

На меѓународната изложба МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 пријавени се 113 учесници од кои 75 од Република Северна Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.

Изложбата ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје и ќе може да се погледне до 10 ноември.

Треба да знаете
Последни објави