Целиот европски демократски свет призна дека ЕУ направи историска грешка со тоа што Република Северна Македонија не доби датум за отпочнување на преговори.
И додека сите светски лидери потенцираа дека нашата држава испорача се што требаше да направи и спроведе реформи за да добие датум за преговори, Христијан Мицкоски во интервју за весникот Вечерњи лист испраќа порака дека „Макрон бил во право кога не блокирал”.
Тоа е срамна и антидржавна изјава на Мицкоски. Тоа е понудата на Мицкоски за обнова на режим и враќање назад во темно минато, изолација, сиромаштија и неизвесна иднина.
Со таква понуда на обнова на режим, криминал и враќање назад, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април.