Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри за јавноста дека камерите поставени на крстосниците, до 2017 година го користела УБК за видео надзор, а не за казнување на сообраќајни прекршоци.
-Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи како што тврдеше поранешната власт, туку до 2017 година се употребуваа исклучиво од Управата за безбедност и контраразузнавање, а не од Јавната безбедност. Потоа создадовме правна рамка, и сега системот е под контрола на Јавната безбедност, сепак тој систем треба да се надогради. Мојата цел и заложба е да направиме сериозен систем, којшто ќе вклучува и камери за сообраќајни прекршоци, на тој начин ќе го избегнеме човечкиот фактор, селективноста, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната – откри во „Само Интервју“ на телевизија „Канал 5“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.