Здраво дечки!Ние сме Girl Up Скопје, уште еден од многуте Girl Up клубови низ целиот свет.Girl Up е организција која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња. Girl Up e организација застапена во повеќе од 120 земји со над 3,300 клубови. Овој пат ние како Girl Up Skopje одлучивме да отстапиме од нашата примарна цел со тоа што ќе помогнеме на децата со посебни потреби од училиштето Иднина.
На 9ти Ноември на Школка во Градски Парк. Донесете ги вашите деца, внуци, другарки и другари и помогнете ни заедно со вас да им овозмжиме на учениците од ПОУ Иднина подобра и посветла Иднина.Нашата цел е да собереме средства за да ги подобриме можностите за учење на децата. Меѓу другото, ќе се одржи и Garage Sale кој ќе биде главниот избор на парични средства на кој ќе се продаваат најразлични рачни изработки од: Матеа Fasion Indigo Candles Charms Firefly Craft Foregrou Икони изработени од учениците од ПОУ Иднина и многу други.
Исто така ќе имате и можност да си го разубавите саботното утро и пладне со музика која нашите: Сара Гигова Ана Петановска Огнен Здравковски Александар Тарабунов Ивона Јованович Мина Блажев Марија Спасовска Барбара Попович Local Blue Goce Saf Лина Пејовска Симеон Коруновски Young Dadi x Varadon ќе ја изведат само за вас.
Затоа во вашите дневници забелешете го 9ти Ноември(Сабота) од 11 до 16 часот, и дојдете да се дружиме,играме и пееме заедно на Школка-Градски Парк бидејќи нашата иднина е и нивна иднина.