Живеалиштето за кенгурите, односно реонот на скопската зоолошка градина познат како „Австралија“ доби нов изглед.
Белите кенгурчиња од скопската зоолошка беа масовно пренесувана вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член, малото кенгурче Квики.
Како што информираат од зоолошката, благодарение на донацијата од компанијата „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и придружни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.