Советот на Европа на затворањето на Светскиот форум за демократија 2019 ја додели наградата „Демократска иновација” на иницијативата „Следете ги вашите пари”, мрежа на граѓани во Нигерија кои следат како се користат државните средства и меѓународната помош, јавува дописникот на МИА.
„Следете ги вашите пари” е партиципативна иницијатива која се залага за соодветно користење на владини средства и меѓународна помош во локалните заедници за да се осигури дека јавните услуги ја нашле вистинската примена во заедниците и населението. Тоа е мрежа на активисти, социјални работници, правници, новинари, консултанти за развој, истражувачи и аналитичари на податоци кои се регистрирани на платформа за социјална мобилност. Тие користат медиуми како Твитер, Фејсбук, ЈуТјуб или традиционални медиуми за да ги засилат гласовите на маргинализираните заедници.
Пред конечното гласање во финалето се најдоа три иницијативи – меѓу 27-те дискутирани на Форумот – за конечно гласање: „Следете ги вашите парит” (Нигерија) – претставено на работилницата „Враќање на довербата во институциите”, alGOVrithms, (од Фондацијата ePaństwo / CRTA, Полска) – презентирана на работилницата „Човечкиот мозок: крајна„ проверка на фактите” и Дренче (Франција) – претставена на работилницата „Локално новинарство: пред информациите”
Форумот собра 2000 учесници и 250 говорници од целиот свет кои дебатираа за информациите, информирањето и демократијата.