Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси приврзаници на меѓународната терористичка организација Исламска држава, која собра најмалку 157.000 американски долари за терористите во регионот Дагестан.
„Федералната служба за безбедност во соработка со Истражниот комитет, руското Министерство за внатрешни работи и Федералната служба за финансиски надзор ја открила активноста на илегалната ќелија во регионот Дагестан, која собирала и пренесувала пари за терористичката организација Исламска држава“, соопшти ФСБ, пренесува ТАСС.
Тие, наводно, собрале најмалку 10 милиони рубли (157.000 американски долари).
Двајца членови на криминалната банда се уапсени и одземени им се документи, телефони и друг материјал со кој се докажува нивната криминална активност околу финансирањето на Исламска држава.