На 07.11.2019 во 23.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Трета македонска бригада во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус’’, со скопски регистарски ознаки, додека било во движење, управувано од Е.А.(22) од с.Горно Количани, скопско.
Притоа, Е.А. се здобила со повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.