Новиот кошаркарски прволигаш Академија ФМП, го приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на македонската прва лига, откако го совлада Работнички со 87:83.
За ФМП ова е прва прволигашка победа во клупската историја, а за Работнички е прв пораз сезонава. Гостите од „Градски парк” беа подобри во првото полувреме, но младиот тим на домашните не се исплаши и имаше повеќе нерви во завршницата и стаса до сензационалниот триумф.
Во другите две денешни средби од шестото коло во првата лига, Куманово го победи Вардар со 81:70, а МЗТ Скопје Аеродром славеше во Битола против Пелистер со 89:84. Колото ќе финишра утре со дуелите МЗТ Уни банка – Еуро Никел и Гостивар – Кожув.