Струга ја прекина низата од 12 натпревари без пораз на Вардар

Лидерот во македонскиот фудбалски прволигашки шампионат по 14. кола, скопски Вардар ја заврши серијата од 12 натпревари без пораз на гостувањето во Струга (2:1) кај истоимениот новак во елитното друштво. Вардар при резултатот од 0-0 имаше две шанси, но Попзлатанов и Мицевски не успеаа да ги претворат во гол, па беа казнти од Кировски кој со удар со глава обезбеди водство за Струга од 1-0. Аврамовски ја погоди гредата од голот на Струга, па во финишот од првото полувреме „црвено-црните“ вторпат беа казнети со погодокот на Тафе за убедлива предност на стружани од 2-0.
Дека до крајот на средбата може да се избегне поразот искра надеж даде погодокот на Мицевски од пенал на 12 минути пред крајот на мечот. Но, лидерот не успеа да стигне до израмнување.
Академија Пандев не го искористи поразот на Вардар за да му се доближи на табелата, бидејќи ремизираше на гостувањето кај Ренова (1-1). Струмичани поведоа со погодокот на Сашко Пандев во осмата минута, а изедначи Адеми на 15 минути пред крајот.
Силекс со гол на Жеравица постигнат уште во третата минута го победи Шкупи со 1-0.
Борец и Македонија Ѓорче Петров ремизираа :1:1. Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Гостите поводеа со гол на Божиновски, а Прелчец во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1.
Последниот натпреавр од 14. коло Работнички – Шкендија се игра утре.
Табела: Вардар 30 бода, Академија Пандев 26, Силекс 21, Шкендија 18 (-1), Шкупи 18, Македонија ЃП 18, Струга ТЛ 18, Ренова 15, Борец 15, Работнички 11 (-1).
Треба да знаете
Последни објави