Бутел му одржа лекција на Пелистер

Бутел на домашен терен успеа вечерва да му одржи лекција на Пелистер (32-23) во рамките од 10. коло во ракометната Суперлига, нанесувајќи им го третиот пораз во серија на битолчани. Бутел од самиот почеток на натпреварот водеше против Пелистер, па посериозното водство го направи во 19. минута кога стигна 11-6, а како минуваше времето така растеше предност на Бутел, кој на полувреме замина со 17-10.

Пелистер на почетокот од вторит дел намали 14-18, но потоа Бутел направи нова серија за водство од 27-16, по што беше јасно дека скопската екипа ќе ги освои бодовите од денешниот меч. Најдобар во победничкиот тим беше Марко Мајиќ, кој постигна осум голови.

Треба да знаете
Последни објави