Вардар и Кјелце ремизираа (28:28) во 7. коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите. Двете екипи прокцкаа прилика на крајот да стигната до победоносен гол, па ремито е релан епилог на крајот од возбудливиот дуел. Вардар одигра и без клучниот играч Даинис Криштопанс, кој сепак не можеше да игра и седеше на клупата. Голманот Калифа Гедбан беше најзаслужен што Вардар не загуби. Клучната одбрана беше на 15 секунди до крајот. Скубе се обиде да му донесе победа на Вардар, но не реализира. Вардарци остана на второто емсто во групата и има еден бод повеќе од Веспрем и Кјелце.
Тренерот на „црвено-црните“ Едуард Кокшаров не крие дека е задоволен играта и резултатот.-Играчите дадоа сѐ од себе, им се заблагодарувам за тоа. Имаме проблеми со повреди, но тие што беа на теренот дадоа сѐ од себе. Сакавме пред својата публика да одиграме најдобро што можеме и да и да им подариме победа на нашите навивачи, но игравме без бекови и мислам дека на крајот можеме да бидеме задоволни со бодот кој може да се покаже како многу значаен во конечниот пласман, вели Кокшаров.
Следни натпреаври за Вардар во групата од ЛШ се на гости кај Кјелце, по што ќе следуваат два домашни меча со Мешков Брест и Веспрем.