ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја дробеше државата, земаа од најсирмашните, ги дисркиминираа а денеска не можат ниту конструктивна опозиција да бидат особено кога интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот. Во Собранието земаат дневници нивните пратеници не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите. Срамно е тоа однесување, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на вечерашната граѓанска трибина во Охрид.
-Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10%, односно покачувањето за вкупно 20% биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедиле покачување на платите а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари!, рече Царовска.
Линк до видео: https://www.youtube. com/watch?v=Q1ju9GEaLGU