Група навивачи на рагби тимот на Јужна Африка, која пред една недела стана светски шампион на првенството во Јапонија имаа незаборавно искуство од пловење по Арктичкиот океан, а нивното видео, снимено од бродот, оправдано стана вистински вирален хит.
Во еден момент на бродот се приближи кит од видот белуга, а интеракцијата која што животното ја разви со луѓето ја разнежни светската јавност.
На видеото се гледа како човек од бродот фрла рагби топка, а китот потоа плива кон неа, ја фаќи и ја враќа на екипажот.
https://www.facebook.com/GilbertRugby.AusNZ/videos/2496697580408554/?t=1