Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа.

„Поднесувам оставка на местото претседател на Собранието, во надеж дека тоа ќе помогне за зачувување на физичкиот интегритет на мојот брат кој го држат како заложник во неговата куќа“, рекол Борда.

Претходно денеска оставка поднесе и министерот за рударство, Цезар Наваро, чија куќа, исто така, беше запалена.

Денеска биле запалени куќите и на сестрата на претседателот на државата, Ево Моралес, како и на гувернерот на регионот Оруро.

Немирите во Боливија почнаа по изборите на 20 октомври кога Моралес прогласи победа. Неговите опоненти тврдат дека тој ги наместил резултатите.

Во постизборното насилство загинаа три лица, додека околу 200 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави