Како што пренесуваат италијанските медиуми, директорите на Милан Паоло Малдини и Звонимир Бобан се одушевени од настапите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи и им е прва трансфер желба уште во јануарскиот период.
„Миланезите“ исто така се во фаза на реорганизација на тимот, сакаат да доведат млади и талентирани играчи па во Елмас гледаат идеаелн профил.
„Дијамантот“ изминатово лето се пресели на Сан Паоло во трансфер вреден 16 милиони евра, плус бонус од 1,5 милиони евра, а Фенербахче ќе добие и 1,5 милиони евра од следната зделка.
Елиф Елмас за кратко време ги воодушеви Италијаните со партиите кои ги прикажува, особено со зрелоста во играта и покрај тоа што се работи за фудбалер кој во септември наполни 20 години.
Според најавите, Милан е подготвен да издвои 30 милиони евра за да го добие потписот на Елмас, сума која е двојно повисока од таа која Наполи ја плати за трансферот од Фенербахче.
Сепак, последниот збор сигурно ќе го има Наполи, кој тешко дека ќе се откаже од својот „дијамант“