Повеќе илјади луѓе протестираа денеска во Париз поради исламофобијата, по нападот врз џамијата во Бајон во југозападниот дел на Франција.
Учесниците во маршот носеле транспаренти на кои пишувало „Спречете ја исламофобијата” и „Итно е потребен заеднички живот”.
Протестите биле организирани од Колектив против исламофобијата во Франција.
Нападот врз џамијата се случи на 28 октомври, кога маж на 84-годишна возраст се обидел да ја запали вратата од храмот и отворил оган врз две лица кои се обиделе да го спречат.