Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез, доби најмногу гласови на вонредните парламентарни избори одржани денеска, но сепак недоволно за составување на Влада, покажаа првичните излезни анкети по затворање на избирачките места.
Се очекува бројот на мандати на партијата на Санчез ќе биде меѓу 114 и 119 пратенички во кој има 350 места, за формирање Влада е потребно да се освојат 176 пратенички мандати.
На второ место се наоѓа Конзервативната народна партија со добиени меѓу 85 и 90 пратенички мандати, што е значителен скок од пред 6 месеци кога истата партија освои 66 мандати.
На третото место дојде партијата ВОКС, која треба да добие 56-59 места. ВОКС, екстремно десничарската партија, на денешните избори би можела да го удвои бројот на местата во Парламентот што ги освои на изборите во април.
На денешните избори во Шпанија излезноста беше 56.8%, а вкупно 37 милиони граѓани со право на глас имаа можност да одберат свои народни пратеници.
Шпанците повторно гласаа откако во април годинава ПСОЕ, партијата на Санчез, доби 123 места во Парламентот, па поради тоа не успеа да формира мнозинска влада. Санчез не успеа ниту да коалицира со левичарите од Инидас Подемос.
И по денешните избори се очекува повторно неизвесност околу формирањето ба Владата и излез од политичката криза.