Екипата на Ливерпул направи голем чекор напред во битката за тронот во англискиот фудбал, затоа што во големото дерби на „Енфилд Роуд“ против Манчестер Сити успеа да дојде до победа (3-1).
Големото дерби во Премиер лигата започна на исклучително возбудлив начин и веќе по 13 минути игра Ливерпул има два гола предност над Манчестер Сити.
Резултатот го отвори Фабињо со феноменален гол од триесетина метри. Бразилецот испрати „проектил“, меѓутоа, еден момент од натпреварот предизвика многу контроверзи и веројатно уште долго ќе се зборува за него.
Имено, во 5-та минута „граѓаните“ бараа пенал после играњето со рака на Александер Арнолд во казнетиот простор. Судијата Оливер пушти играта да продолжи, а во продолжение од акцијата Ливерпул дојде до водство. Судијата Оливер во консултација со ВАР системот го прозна голот на Ливерпул и не досуди пенал за Сити, затоа што беше утврдено дека најпрво Бернардо Силва играл со рака пред топката да дојде до Арнолд.
До финишот на првиот дел, Манчестер Сити имаше неколку добри шанси да постигне гол, но реализацијата не беше на посакуваното ниво, а на самиот старт на вториот дел Ливерпул го даде и третиот гол откако Хендерсон нафрли, а Мане реализира со глава. Потоа, Ливерпул свесно се повлече, Сити напаѓаше, а даде само еден гол преку Бернардо Силва.
До финишот на мечот, Пеп Гвардиола бараше нов пенал, затоа што Арнолд повторно играше со рака во казнениот простор во 83. минута, но повторно немаше санкција.
Ливерпул сега е на врвот со 34 бода, пред Лестер Сити со 26, додека Манчестер Сити има 25 бода и се наоѓа на четвртото место.
VAR said no penalty – do you agree?
📺 Watch live now on Sky Sports PL or follow here: https://t.co/tIbipDtyYB pic.twitter.com/JaeozYHVQd
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) November 10, 2019