Петтиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим во два сета со идентични 7:5 и 7:5 славеше во првото коло од завршниот Мастерс турнир во Лондон против Роџер Федерер. Ова беше третиот пораз во низа за Швајцарецот во меѓусебните пресметки со Австриецот.
Во вториот сет и двајцата тенисери немаа многу шанси за брејк, Федерер ја пропушти единствената во четвртиот гем и казната го стигна во финишот. Повторно во 11. гем дозволи Австриецот да му го одзеде сервисот и потоа немаше сили да се врати во игра.