BHИМАВАЈТЕ: Голема измама се шири на Вибер
Деновите на мобилните телефони на корисниците кои ја имаат инсталирано апликацијата „вибер“ им стигнала невообичаена порака.
Наводно, корисници добиле порака од бројот +79183301602 во која се наведува дека баш тие се среќни добитници на „интернационален вибер награден фонд“.
Во пораката се наведува дека наградата е 500.000 американски долари, а за да ги примите парите морате да пратите меил побарување, а со тоа и додатни информации, што директно наведува дека ќе ги оставите своите податоци и меил адресата на некого, а со тоа и да му овозможите да ги злоупотреби.
Станува збор за уште една интернет измама, а совет е на ваквите пораки никогаш да не се одговара и лозинките за пристап на електронската пошта редовно да се ажурираат.