Она што жителите на Пробиштип замолуваат да биде пренесено и секако ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска сето тоа да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните избори во април 2020 година, е всушност она што го гледаме секојдневно на ниво на цела држава, нешто што се случува во овие речиси повеќе од 3 години во Република Македонија, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Пробиштип.
„Негрижата на оваа, буквално најнеспособна влада во историјата на државата го гледаме и овде во Пробиштип. Како еден од поголемите примери е изградбата на патот, на главната артерија која што Пробиштип го поврзува со остатокот од Република Македонија, тоа е патниот правец Крупиште – Пробиштип кој еве веќе 3 години оваа неспособна власт не успева да го заврши.
Меѓутоа тука е проблем и со јаловината, којшто исто така е едно предизборно ветување, кое што е поврзано со здравјето на жителите, но и со заштитата на животната средина, не е започнато да се решава овој проблем. Изградбата на втората и третата фаза на пречистителната станица, односно од делот на хидросистемот Злетовица.
Тоа е она што го гледаме овде во Пробиштип, исто како и многу други нерешени проблеми, бидејќи уште еднаш ќе повторам станува збор за една криминално – рекетарска влада, кои што единственото нешто е што гледа како да ги полни сопствените џебови, а не интересот на граѓаните.
Меѓутоа овде од Пробиштип денес ќе порачаме дека Заев паѓа, обновата почнува и дека на следните избори кои што ќе се случат за неколку месеци Македонија ќе почне со обновата“ порача Јанушев.