Бугарскиот боксер Кубрат Пулев, со судиска одлука на поени го совлада некогашниот затвореник Рајдел Букер, и се стекна со право најдоцна до мај да се бори со победникот од борбата на 7 декември помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз.
Популарниот „Кобра” беше многу подобар од Букер, но не успеа да го нокаутира. Сепак, сега Пулев е прв на листата на чекање да биде предизвикувач за титулата светски првак во тешка категорија, во ИБФ верзијата.
Пулев кој има 38 години, еднаш се бореше за светска титула, во ноември 2014 година, кога беше поразен од Владимир Кличко, во борба која беше прекината во петта рунда. Тоа е и единствениот пораз за Пулев во професионалната кариера.