Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес конференцијата на Благој Бочварски
„Бочварски оди по стапките на својот шеф Зоран Заев. Бочварски лаже како Зоран Заев, без тронка совест. Лагите на Заев и СДСМ со секој изминат ден стануваат се поочигледни.
Бочварски пред неколку дена призна дека Заев и СДСМ лажеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Зоран Заев преку ширење на лажни вести три години ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.
Три години владата на СДСМ ја стопираше изградбата автопатот Кичево – Охрид, за да можат да склучат нови анекси на договорот тешки 180 милиони евра. Изградбата на овој автопат тапка во место. Како што беше оставен во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, така е сега.
СДСМ само ги критикуваат проекти, а истите ги немаат испроектирано ниту еден метар нов автопат.
СДСМ единствено манипулираат со бројки. Лага е дека изградиле 400 км нови водоводи и канализации.
Голема лага е дека управната зграда на скопски Водовод е изградена за 20 милини евра вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ зградата ја изгради за 7,5 милиони евра со се мебел. Зградата е ново и репрезентно здание која има користен простор со се гаражите од 10000 метри квадратни.
СДСМ за Струмичкиот регион вети 2 експресни патишта, а само направија рехабилитација на постоечките Радовиш – Струмица и тоа рехабилитиран е само дел од патот, и Струмица – Ново Село и тука е рехабилитиран е само дел од патот.
Со лаги дојдоа на власт, со лаги ќе си заминат од власт. Граѓаните ги препознаа манипулациите, лагите и неработењето на СДСМ.
Време е да се стави крај на лагите на Бочварски, Заев и СДСМ. Се повеќе се ближи крајот на оваа криминална влада. На 12-ти април, обнова на Македонија ќе започне, со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се стави крај на криминалите на СДСМ. Сите од криминалната влада ќе одговараат пред законот.“