Интегрален текст од изјава на Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
„Зад мене се случува уништување и масовна сеча на дрва и зелена површина која се одвива со знаење и под директива на Петре Шилегов.
Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк.
Жителите на Тријангла и Маџари со право се изреволтирани.
Она што претходно им служеше како парк и разонода сега повеќе го нема.
Бесцелно се исечени дрва, додека пак улицата „Благој Стефковски“ не е проширена со дoполнителни ленти.
Тоа значи дека без план се осакати животната средина и неповратно се исечени десетици дрва.
Со месеци жителите се на удар на прашина, нечист воздух, кал, а сега остануваат и без голем дел од паркот.
Шилегов стана главниот дрвосечач во град Скопје, а ветуваше зеленило и чист воздух.
Шилегов владее со измама, криминал и лаги и затоа тој повеќе ја нема довербата од Скопјани.“