Тим подобар од Федерер на завршниот Мастерс во Лондон

Петтиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим во два сета со идентични 7:5 и 7:5 славеше во првото коло од завршниот Мастерс турнир во Лондон против Роџер Федерер. Ова беше третиот пораз во низа за Швајцарецот во меѓусебните пресметки со Австриецот.

Федерер лошо го започна дуелот со Тим и уште во првиот гем на свој сервис дозволи противникот да му направи брејк, но веќе во четвртиот гем возврати и ја врати неизвесноста. Иако тоа претставуваше најава дека Федерер треба да го подигне нивото на игра, тој во 11. гем од првиот сет повторно го загуби својот сервис и му дозволи на Доминик Тим со сигурен сервис да дојде до првиот сет.

Во вториот сет и двајцата тенисери немаа многу шанси за брејк, Федерер ја пропушти единствената во четвртиот гем и казната го стигна во финишот. Повторно во 11. гем дозволи Австриецот да му го одзеде сервисот и потоа немаше сили да се врати во игра.

Треба да знаете
Последни објави