Кремљ вели дека Моралес не побарал азил во Русија

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој претходно ја објави својата оставка, не побарал азил во Русија и немал скорешни контакти со руската влада, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. „Нема никакви контакти меѓу Кремљ и Моралес или неговите претставници.Што се однесува до азилот, никој не побарал азил“, рече тој. Кремљ се надева дека ситуацијата во Боливија ќе биде решена врз основа на законите и нема да доживее мешање од странство.

„Сега, се разбира, ги повикуваме сите да останат мирни и се надеваме дека ситуацијата во Боливија ќе се одвива во рамките на законот. Секако, се надеваме дека Боливијците ќе го имаат последниот збор за својата судбина без мешање од трети земји“, рече Песков

Треба да знаете
Последни објави