На Флорида уапсени вработени во „Дизни“, дел од синџир за детска порнографија

За време на полициската операција за апсење на група која се занимавала со дистрибуција и набавка на детска порнографија на Флорида, уапсени се 17 лица, меѓу кои и двајца вработени во „Дизни“.

Еден од обвинетите бил уапсен додека се обидувал да запознае дете со цел да добие сексуални услуги од него, рече во петокот Грејди Џад, шериф на округот Полк.

Двајца други мажи биле уапсени додека се обидувале да добијат разголени слики од две тинејџерки, преку апликациите „Фејсбук“ и „Снепчет“. Еден од обвинетите рече дека доколку не гледа детска порнографија, ќе започне сексуално да злоставува малолетници, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Меѓу уапсените се Брет Кини (40) од градот Лејк Алфред на Флорида, кој работел како шеф одделот за комуникација со гостите во „Дизни ворлд“ и Доналд Дар (52) од Давенпорт, кој работел во персоналот за поддршка во одморалиштето на Дизни. Кини беше уапсен кон средината на октомври под сомнение дека поседува детска порнографија. Тој пред полицијата изјавил дека 22 години гледа детска порнографија и знаел дека е погрешно, нелегално и неморално, но дека не може да запре.

Полицијата соопшти дека Дар се опишал себеси како „перверзен, но не и чудовиште“. Во неговиот таблет биле пронајдени три фотографии од детска порнографија.

Од „Дизни“ за „Ен-би-си њуз“ изјавиле дека Кини повеќе не работи со нив, Дар е на неплатено отсуство.

Меѓу уапсените е и Вилијам Хејџ (76) од Лејкленд, кој бил заменик директор на гимназија пред да се пензионира.

Треба да знаете
Последни објави