Три деца загинаа во пожар во Русија

Три деца загинаа во пожар што зафати една приватна куќа во источна Русија, потврдија властите.

Руското Министерство за вонредни состојби потврди дека родителите и едно дете успеале да се спасат кога избувнал пожар во една семејна куќа во регионот Курск.

„Утрово избувна пожар во еднокатна куќа во селото Пристен каде живееше семејство со четири деца. Телата на три деца биле пронајдени од пожарникарите за време на гасењето на пожарот“, изјави извор на Министерството за ТАСС.

Во тек е истрага за тоа што го предизвикало пожарот.

Треба да знаете
Последни објави