Четворица повредени во силен земјотрес во југоисточна Франција

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди областа јужно од Монтелимер во југоисточна Франција, соопшти француската Централна сеизмолошка канцеларија.

Земјотресот се почувствува во широкиот појас помеѓу градот Лион и градот Монпелје на југот.

Четири лица се повредени, а едно од нив е потешко повредено.

По земјотресот, пожарникарите добиле околу 50 повици, изјави нивниот портпарол.

Тој објасни дека поединци им се јавувале за да ги известат дека почувствувале земјотрес, но не пријавиле штета.

Треба да знаете
Последни објави