Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ
„СДСМ и Заев продолжуваат да ги манипулираат граѓаните.
Ветуваа 100.000 денари за здравствени работници, поминаа три години се уште нема ништо од ветеното.
За три години мандат Зоран Заев и Венко Филипче ништо не сторија за подобрување на здравствениот систем.
Засметувањето на дежурства и други ставки на име плата, како истата би изгледала поголема е манипулација и поигрување со лекарите, нивниот труд и мака.
Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени.
На 12-ти април граѓаните ќе ги казнат Зоран Заев и Филипче за урнисување на здравствениот систем. На 12 април следува обнова на Република Македонија.“