Во градинка во Кина полeaл деца со опасна хемикалија, при што повредил 51 дете

Нaјмалку 51 дете се повредени во југозападна Кина кога 23-годишник влегол во градинка и ги нападнал децата со натриум хидроксид.

Нападот се случил во градот Каијуан во провинцијата Јунан. Покрај децата, повредени се и тројца наставници.

Напаѓачот е уапсен еден час по инцидентот. „Си-ен-ен“ пишува дека тој ја распрскал хемикалијата заради одмазда.

Натриум хидроксид, познат и како каустична сода, се користи во индустријата за производство на вештачки влакна и свила, во текстилната индустрија и во производството на сапун и други детергенти.

Треба да знаете
Последни објави