– Грчките власти денеска се откажаа од плановите бласфемијата да се прогласи за кривично дело, откако предлогот наиде на бројни критики во парламентот за време на расправата меѓу претставниците на конзервативната Влада и левичарската опозиција.
Министерот за правда Костас Цијарас рече дека е повлечен предлог-законот за криминализација на богохулството, потсетувајќи дека со тој предлог била предвидена казна затвор до две години.
Но предлогот наиде на бројни критики.
– Само фундаменталистичките држави во Азија и на Блискиот Исток иммаат такви закони, изјави опозицискиот пратеник Спирос Лапас.
Грчката православна црква го поздрави овој предлог-закон, оценувајќи дека тој би „помогнал во зачувување на религиските чувства на верниците”.