Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина откако вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.
Во незгодата, пешакот Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.