Боливискиот претседател Ево Моралес пристигна во Мексико каде доби азил, по оставката што ја поднесе под притисок поради протестите во неговата земја.
Тој по пристигнувањето, на „Твитер“ напиша дека го боли заминувањето од земјата од политички причини и вети дека ќе се врати посилен и поенергичен.
Моралес објави фотографија на која се гледа како лежи под импровизиран шатор.
„Ова беше мојата прва ноќ по напуштањето на претседателството и под принуда на државен удар. Им благодарам на своите браќа од сојузот Тропик оф Кокабамба на овозможената безбедност и нега“, напиша Моралес.
Así fue mi primera noche después de dejar la presidencia forzado por el golpe de Mesa y Camacho con ayuda de la Policía. Así recordé tiempos de dirigente. Muy agradecido con mis hermanos de las federaciones del Trópico de Cochabamba por brindarnos seguridad y cuidado. pic.twitter.com/O1EpDhS5Qw
— Evo Morales Ayma (@evoespueblo) November 12, 2019