Најмалку две лица се убиени, а шест други се повредени по експлозијата што го потресе квартот Мазех во Дамаск откако сириската воена воздушна одбрана нападна непријателска цел над блиското предградие Дараја, пренесува САНА.
Во ракетниот напад сношти беше погодена цивилна зграда во близина на Либанската амбасада во западниот округ на главниот град, во кој се сместени универзитетот во Дамаск и многу дипломатски мисии. Сè уште не е јасно кој стои зад нападот.
На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии на кои се прикажани последиците од нападот за кој се чини дека оштетил најмалку една зграда, која подоцна се запалила. Некои корисници на Интернет шпекулираа дека Израел можеби го извршил нападот бидејќи ракетата, наводно, дошла од либанскиот воздушен простор, кој претходно бил прекршен од израелската авијација (ИАФ) во повеќе наврати за да бомбардира цели во Сирија.
Израел ниту ги потврдува, ниту ги негира извештаите на странските медиуми за своите прекугранични напади. Извештаите за нападите врз сириската престолнина се случија помалку од еден час откако Израел објави дека убил врховен командант на Исламски џихад, вооружена група во Газа.