Во Бутел од утре (среда, 13.11.2019 г. во 11 часот) во паркот спроти административната зграда на општината, ќе биде отворена манифестацијата ,,Есенски базар 2019“. На базарот ќе учествуваат 37 ракотворци со своите рачно изработени производи од повеќе балкански држави: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватаска, Турција и домаќинот Македонија.
Базарот кој се организира по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје, ќе биде отворен и на 14 ноември.
Организатор на оваа манифестација е Здружението на уметници ракотворци ,,Арти Крафт,, Скопје, под покровителство на Општина Бутел.