Саутгејт го отстрани Стерлинг од тимот откако го фатил за врат дефанзивецот на Ливерпул

Угледните англиски медиуми доцна во ноќта пренесоа сензационална вест од првиот собир на репрезентацијата за претстојните предизвици, со која јасно ставија до знаење дека Рахим Стерлинг навистина болно го поднел поразот од Ливерпул во големото дерби.

Во завршницата од дербито на „Енфилд Роуд“, Стерлинг имаше еден вербален конфликт со Џо Гомез, а синоќа излезе информација дека истиот се обидел да го продолжи и во кантината на англиската репрезентација, такашто го фатил дефанзивецот на Ливерпул за врат. Останатите соиграчи спречиле поголем инцидент и поголема физичка пресметка, но оваа необична ситуација сепак донесе потрес во селекцијата, бидејќи Саутгејт се одлучи за радикален потег, исфрлајќи го фудбалерот на Сити од комбинација за мечот со Црна Гора во квалификациите за Европското првенство.

– За жал, емоциите од дербито се се уште свежи. Една од најважните сили на нашата селекција е да направиме сепарација меѓу ривалитетот во клубовите и во селекцијата. Поради тоа, донесовме одлука да не сметаме на Рахим за мечот со Црна Гора. Мислам дека ова е правилна одлука за тимот. Цел тим се сложи за тоа, – објасни Герет Саутгејт.

Треба да знаете
Последни објави