Шпанската Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и левичарската Унидас Подемос денеска постигнаа постизборен договор, но и понатаму не е обезбедено мнозинство во Долниот дом на Парламентот. Договорот го постигнаа лидерот на социјалистите и на Подемос, Педро Санчез и Пабло Иглесијас.
Социјалистите на вонредните парламентарни избори одржани во неделата освоија 120, а Подемос 35 пратенички мандати.
Санчез вчера изјави дека нема да формира голема коалиција со главната опозициска Народна партија (ПП).
– Нема да се обложиме на голема коалициска влада потпирајќи се на каталонските партии, кои се залагаат за независност на шпанската покраина, соопшти ПСОЕ.
На вонредните парламентарни избори ПСОЕ освои 120 од 350 места во Долниот дом од шпанскиот Парламент, ПП – 88, а десничарската партија Вокс доби 52 мандати.
Додека Републиканската левица на Каталонија – 13, а десничарската партија Сиудаданос доби 10 пратеници.
Поради неуспехот на изборите, лидерот на Сиудаданос, Алберт Ривера денеска поднесе оставка. Сиудаданос вчера освои само 10 пратенички места, додека на изборите одржани на 28 април доби 57 мандати.
Излезноста на вчерашните вонредни избори беше 69,94 отсто.