Тој секогаш остава впечаток на силна фигура на црвениот тепих.
И понеделникот вечерта не беше исклучок за Силвестер Сталоне кој присуствуваше на посебна проекција на документарец на HBO „Very Ralph“ во Беверли Хилс.
Ѕвездата на „Роки“, кој сега има 73 години, делуваше импресивно во темен широк костум во комбинација со црна ролка.
Ветеранот-ѕвезда на акциски филмови беше придружуван од неговата сопруга Џенифер Флавин и нивната ќерка Систин ( 21).
Другите две ќерки Софија (23) и Скарлет (17) не беа на настанот.