На 11.11.2019 во 21.30 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Р.С.(31) од с.Теново, тетовско.
При контрола на патничко возило „фолксваген бора“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(54) од с.Синичане, тетовско, а во кое патник бил Р.С., во неговата торба полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ“, калибар 7,62мм, со една рамка со осум куршуми и уште една рамка со девет куршуми, калибар 7,62мм.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.