Министерот за здравство Венко Филипче во рамки на посетата на полошкиот регион, попладнево се запозна со состојбите во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” и најави дека соработката со оваа установа ќе продолжи и во иднина. Министерот беше заинтересиран за актуелните состојби и идните планови за да се подобрат условите за работа во болницата.
– Со директорот Јакуп Јакупи имаме одлична комуникација и имавме интензивни средби изминативов период во однос на потребите на болницата. Како за прием на медицински така и за немедицински пероснал. Оваа соработка ќе продолжи и во иднина. Денес конкретна причина за посетата е инсталацијата на дигитален рентген апарат. Со него значајно се олеснува пристапот до овој вид на дијагностика за граѓаните во овој регион. Станува збор за најсовремен апарат со мала доза на зрачење и исклучителен квалитет на слики, рече министерот Филипче по посетата.
Тој заедно со неговоите домаќини ги видоа реновираното приемно одделение на ургентен центар и операционите сали, за кои како што рече, се реновирани според најновите стандарди, со нов операционен стол, машина за анестезија и светла.
– На болницата и се потребни нови апарати за анестезија, се прават планови за засилување на медицинскиот кадар со нови специлајлизации и соодветен кадар преку размени со медицинските установи, а тоа е со цел граѓаните да останат блиску до местата на живеење и да не патуваат во други градови по соодветен третман, подвлече Филипче.
Директорот на болницата Јакуп Јакупи кажа дека изминативе 12 месеци, значајно е подобрен приемот на кадар, а согласно на четири годишниот план се испратени и доктори на спецализајции и доекипирање на медицинскиот кадар.
– Годинава вработивме 37 медицински лица, на специјализации испративме седум колеги. Денес заврши и конкурсот за прием на 27 лица од медицинските струки и 23 од немедицинските и годината ќе ја завршиме со приближно 80 нови вработувања. Ова е сепак одраз на соработката која имаме со министерството, рече директорот Јакупи.
Во гостиварската општа болница се вработени над 500 лица, Овен на гостиварската општина, во неа се пружаат секундарни здравствени услуги и на граѓаните од на околните општини Врапчиште, Маврово-Ростуше, Дебар и Кичево во кои вкупно живеат над 150 илајди жители.